Луис Хамилтон возачот на Формула 1 направи мега трансфер и од следната 2025-та ќе вози за неговиот досегашен најголем ривал Ферари. Тој до крајот на новата сезона ќе вози и натаму за Мерцедес со кого освои дури шест шампионски титули.
Италијанскиот новинар Џулијано Дучеза кој го уредува порталот Formula1A.uno вели дека Ферари во преговорите со 39-годишниот Британец влегол спремен да му ги исполни сите желби и барања.
Луис Хамилтон минатата сезона од Мерцедес добил 35 милиони евра, а толку треба да заработи и сезонава. Од друга страна Ферари за една сезона, односно годишно на Хамилтон ќе му плаќа астрономски 100 милиони долари!
#Ferrari, John Elkann ha riconosciuto a
Lewis Hamilton la sua dimensione globale, non solo in pista.
Charles Leclerc é molto contento della notizia https://t.co/EvEgEnBWNB— Giuliano Duchessa (@GiulyDuchessa) February 2, 2024
Тоа е дури три пати повеќе во однос на она што го заработил за периодот во Мерцедес, а речиси двојно повеќе од она што го заработува шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул.