Полонара се бори со леукемија

Полонара се бори со леукемија

пред 19 часа

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.

Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.

Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.

„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.

„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.

Share
Scroll to Top