Поранешната сопруга на Марез тврди: Манчестер сити ни го растури бракот

Поранешната сопруга на Марез тврди: Манчестер сити ни го растури бракот

пред 3 години

Рита Џохал, поранешната сопруга на ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез, вели дека Алжирецот свртел грб на нејзе и на семејството по потпишувањето за актуелниот англиски шампион.

Според Џохал, Марез се трансформирал од „приземен татко“ кој купува во обични продавници, до „џиновска глава“ кога го направил трансферот од Лестер, и порача дека сопругата на Хери Кејн, Кејт треба да е среќна што тој не завршил на „Етихад“.

„Не можам да коментирам за животите на другите луѓе, но преселбата во Сити го смени мојот сопруг. Сопругата на Хери Кејн треба да се радува што не отиде таму, а другите треба да се внимателни. Ријад дозволи славата да му удри во глава. Целосно се смени кога отиде во Манчестер сити. Кариерата на фудбалерите е кратка и треба да останат приземни и да се со тие што ги сакаат. Дури и да играат за голем клуб“, вели Џохал за „Сан“.

Рита открива дека станала муслиманка за да се омажи за Марез, престанала да пие алкохол и прифатила тивок живот откако се сретнала со него пред седум години. Но, по трансферот во 2018, Марез целосно се сменил. Тој сега е свршен со Инстаграм ѕвездата, Тејлор Ворд.

„Ријад кој го сретнав е целосно различен од тој сега. Тој сега оди на забави, се однесува како ѕвезда. не го мразам, но шокирана сум што направи. Одеднаш ме напушти, велејќи дека притисокот е преголем. Сега живее со џет-сет живот. Ја сменив верата, престанав да пијам алкохол, бидејќи ги ценев неговите вредности и сакав семеен живот. Добивме две ќерки и бевме обично семејство“, објаснува Џохал.

Share
Scroll to Top