Поранешниот менаџер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, даде изјава што крена многу прашина во Англија. Тренерот изјави дека Тотенхем, клуб со кој ја освои Лига Европа минатата сезона не е голем.
Постекоглу го кажа ова на денот кога Тотенхем го отпушти својот наследник, Томас Франк, додека гостуваше во емисијата „The Overlap – Stick to Football“.
„Бидејќи и самиот сум во таква позиција во последните шест месеци, знам колку е тешко. Јасно е дека менаџерот не може да биде единствениот проблем. Тотенхем е необичен клуб“, рече Австралијанецот, а потоа продолжи:
„Ако направите толку голема промена, мора да очекувате нестабилност. Нема гаранција кој било менаџер да го доведете – тие имале тренери од светска класа и немале успех. Прашањето е: која е целта на клубот?“
Тој зборуваше за ситуацијата во клубот и не штедеше зборови, велејќи дека Тотенхем, и покрај својот имиџ и инфраструктура, не функционира како голем клуб.
„Тие изградија неверојатен стадион и фантастични тренинг центри, но кога ќе ги погледнете трошоците и структурата на платите – тие не се голем клуб. Го видов тоа кога се обидувавме да донесеме играчи. Едноставно не бевме на тој пазар.“
„Го гледате тоа мото насекаде, а нивните постапки се речиси спротивни. Ако сакате да победите, мора да ризикувате. Имав впечаток дека клубот вели: „Ние сме меѓу големите“, но реалноста е поинаква.“
Постекоглу беше отпуштен по завршуцвањето на минатата сеозна, откако неколку недели претходно ја освои Лига Европа, со што Тотенхем стекна параво да се натпреварува во Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos






