Потврден реваншот меѓу Мејведер и Пакјао

Потврден реваншот меѓу Мејведер и Пакјао

пред 2 часа

Реваншот од најгледаниот меч во последната деценија, Флојд Мејведер – Мануел „Мени“ Пакјао ќе се одржи на 19 септември во Лас Вегас.

Кога Мејведер ќе го прослави својот 49-ти роденден во вторник, денот по официјалното објавување на датумот на реваншот, вкупната возраст на двајцата ривали ќе биде 96 години.

Пакјао (62-8-3, 39 КО) се врати во рингот минатото лето – и тоа во голем стил. Висок само 165 см, Филипинецот ги вкрсти ракавиците со Американецот со мексикански корени, Марио Бариос (29-3-2, 18 КО), а мечот за светската титула во велтер категорија на WBC (66.678 кг) заврши нерешено.

Така, 30-годишникот од Сан Антонио остана шампион во таа верзија и дивизија, а WBC го издигна популарниот „Пакмен“ на првото место на листата на предизвикувачи по борбата во култниот „МГМ Гранд Гарден“.

Беше тоа генерална проба за шампионот во осум различни категории, додека Мејведер генералната проба ќе ја има против Мајк Тајсон, која е планирана за пролет, но сè уште нема индикации за официјална потврд.а

Мејведер сè уште може да се пофали со статус на непоразен борец, неговата последна официјална борба беше против поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top