Новиот менаџер на Челси, Греем Потер вели дека „многу“ работи се смениле во Манчестер јунајтед од првото коло на англиската Премиерлига, кога како прв човек на Брајтон успеа да ги победи Јунајтед со 1:2 на „Олд Трафорд“
Потер потоа го замени Томас Тухел на клупата на Челси и засега има ветувачка серија на резултати и останува внимателен против тимот на Ерик Тен Хаг, кој има 6 од 9 победи по тој меч.
„Многу работи се сменија. Тие го сменија начинот на игра, сега се малку подиректни, но квалитетот останува ист. Тука е заканата од Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Бруно Фернандеш. Мислам дека сега влегоа во натпреварувачки ритам, научија повеќе за тимот“, вели Потер.
Потер има 3 победи и 1 реми во четирите меча на чело на Челси, и неговиот клуб е на само еден поен пред Манчестер јунајтед.