Легендарниот италијански фудбалер, Паоло Роси, почина на 64 годишна возраст. Херојот на Италија од СП во 1982 година, работеше во националната телевизија РАИ. Веста за неговата смрт, утрово во 1:30 часот, прв ја објави неговиот колега Енрико Вариале. „Тажни вести. Не напушти Паоло Роси. Незаборавниот Паблито кој сите не натера да се вљубиме во него, летото во 1982 година и кој беше ценете колега на РАИ во изминатите години. Почивај во мир“, напишал Вариале. Потврда за смртта на Роси набргу стигнала и од неговата сопруга Федерика. Паоло Роси во кариерата бил играч на Јувентус, Комо, Виченца, Перуџа, Милан и Верона. Кариерата ја завршил во 1987 година. Со Италија стана светски првак, во Шпанија во 1982 година. Тогаш стана национален херој, постигна хет-трик против Бразил во четврт-финалната група, потоа два пати стрелаше прецизно против Полска во полу-финалето, а постигна еден од трите гола против Германија во финалето. Роси беше најдобар стрелец на СП во 1982, а истата година ја доби и Златната топка.
Почина италијанската легенда Паоло Роси
пред 4 години