Димитар Пенев, една од најголемите фудбалски легенди од Бугарија, почина на 80-годишна возраст.
Пенев играше за репрезентацијата на Бугарија и ЦСКА од Софија, по што работеше како тренер и селектор.
Токму како прв човек на репрезентацијата направи спектакуларен резултат кога во 1994 година, три години откако ја презеде клупата на репрезентацијата, го освои четвртото место на Светското првенство во Соединетите Американски Држави.
Во својата кариера, тој играше за ЦСКА 13 години со 329 натпревари и 24 гола, а со репрезентацијата настапи на 90 натпревари, од кои три пати на светските првенства – во 1966, 1970 и 1974 година.






