Пресврт: Сити нема да има никакви последици

Пресврт: Сити нема да има никакви последици

пред 2 месеци

Изгледа ништо нема да се случи од најавените тектонски промени во Премиер лигата и евентуалното исфрлање на Манчестер Сити од најсилните натпреварувања.

Според британските медиуми, актуелните шампиони не само што нема да бидат исфрлени од Премиер лигата или Лигата на шампионите, туку нема да се соочат со никакви казни за кршење на финансиските правила и покрај дури 115 пријави поднесени против нив за избегнување на правилата на фер игра.

Ваквиот развој на настаните го потврдува отфрлањето на предлогот на Премиер лигата за законитоста на трансакциите преку TPA (Third Party Agreements), кој укажуваше на можен финансиски допинг преку спонзорства под контрола на сопствениците.

Според информациите, дури една третина од спонзорите на Сити доаѓаат од Обединетите Арапски Емирати, од каде што се сопствениците на клубот. Сепак, клубовите изненадувачки го одбија предлогот договорите да се достават до независна комисија која ќе процени дали спонзорските договори се напумпани, што е во корист на Манчестер Сити.

Пред состанокот во Лондон, одлуката да се одбие предлогот за транспарентност на спонзорството дополнително ја олесни позицијата на Сити во оваа правна битка.

Актуелниот шампион најави дека ќе ја тужи Премиер лигата врз основа на законот за конкуренција, тврдејќи дека објавувањето на списокот на компании поврзани со клубот е дискриминаторско и против принципите на слободниот пазар.

Иако конечната одлука за евентуалната казна треба да биде донесена на почетокот на следната година, се погласни се шпекулациите дека Сити ќе успее да избегне секаква сериозна санкција, вклучително и одземање на бодови, а камоли исфрлање од натпреварувањето.

Share
Scroll to Top