Претседателот на Атлетико: Барселона сите ги лаже, презедоа операција што се неспособни да ја реализираат

Претседателот на Атлетико: Барселона сите ги лаже, презедоа операција што се неспособни да ја реализираат

пред 1 час

Атлетико Мадрид повторно се огласи по повод Хулијан Алварез и неговата желба да го напушти клубот. Првиот човек на Атлетико, уште еднаш потврди дека клубот нема намера да го продаде аргентинскиот напаѓач.

Алварез, по победата на Аргентина над Австрија (2:0), на медиумите им ја потврди својата желба.

„Не е момент да се зборува за тоа, но не можам ниту да кријам“, им рече Алварез на новинарите. „Се обидувам да бидам искрен. Разговарав со луѓе од Атлетико Мадрид и мислам дека трансферот е најдоброто решение за сите. Сакам да го исполнам мојот сон.“

Барселона агресивно настапува кога се работи за Алварез, иако пред три недели од „Метрополитано“ добија јасен одговор дека Аргентинецот може да го добие само доколку биде активирана неговата опткупна калузула од 500 милиони евра.

Вечерва со официјално соопштение се огласи претседателот на Атлетико, Хил Марин.

„Длабоко жалам за зборовите на Хулијан. Не беше денот за таква изјава. Беше ден на Меси и ден на Аргентина, не негов.
Хулијан има сон, а и навивачите на Атлетико имаат сништа. Вистина е дека разговараше со нас, но исто така е вистина дека тој совршено ја знае нашата позиција бидејќи бевме многу јасни, Атлетико не сака да ги пренесе неговите права. Тој е одличен играч и ние сме многу горди што игра за нас.

Барселона не нè почитува. Мислат дека можат да нè игнорираат, дека сме слаби или глупави. Но, она што всушност му го покажуваат на светот е начин на дејствување што ги дефинира.

Тие не лажат нас, го лажат играчот, медиумите, а исто така ги лажат и сопствените навивачи.

Тие се обидуваат да ги натераат сите да веруваат дека можат да преземат операција што всушност се НЕСПОСОБНИ да ја реализираат.

Ова не е прв пат Барселона да се однесува на овој начин, а фудбалскиот свет е целосно свесен за тоа. Минатата година направија нешто многу слично со Нико Вилијамс и Атлетик Клуб.“

Пред две години, Атлетико го купи Алварез од Манчестер Сити за 75 милиони евра ( и 20 милиони преку потенцијални бонуси). Оттогаш, на 106 натпревари, постигна 49 гола и забележа 17 асистенции. Тој има договор со клубот до јуни 2030 година.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top