Проблем за ПСЖ, се повреди Нејмар

Проблем за ПСЖ, се повреди Нејмар

пред 4 години

ПСЖ скапо ја платија победата над Каен (1:0) и пласманот во четвртото коло во францускиот Лига куп. Натпреварот го реши Мојзе Кен во 49.минута, меѓутоа сенка на победата фрли повредата на Нејмар.

Бразилецот, кој му асистираше на Кен за голот, поради повреда го напушти теренот во 60.минута. Нејмар поради проблем со мускулот излезе од теренот, а од ПСЖ се уште нема информации за сериозноста на повредата.

„Нејмар? Не можам ништо да кажам. Ќе видиме во четврток, ќе разговарам со лекарите. Не можам да гледам во иднината. Потребни ми се повеќе информации за да донесам одлука. Мускулот е во прашање“, рекол тренерот на ПСЖ, Маурисои Покетино.

ПСЖ за шест дена ќе го одигра првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите, против Барселона. Настапот на Нејмар против поранешниот клуб е под голем знак прашалник.

Share
Scroll to Top