Пропадна трансферот на Дансо во Рома

Пропадна трансферот на Дансо во Рома

пред 4 месеци

Рома го чекаше Кевин Дансо, на крајот потпиша договор со Тијаго Џало. Австрискиот репрезентативец Дансо паднал на медицинските тестови. „Волчицата“ алтернативата ја најде во Јувентус, го позајми со право на откуп дефанзивецот Џало.

Рома и Ленс го договорија трансферот на Дансо за 25 милиони евра. Фудбалерот доцна синоќа пристигна во Рим, но не ги завршил успешно медицинските тестови.

Наводно Дансо на кардиоваскуларениот преглед било констатирано дека срцето на Дансо работи непоравилно.

Извори од Италија велат дека Дансо ги поминал медицинските тестови на Рома, но проблем е статутот во Италија, кој во вакви ситуации не дозволува фудбалери да играат во Серија А.

Брзо реагираше и Ленс, од кој беше објавено дека трансферот пропаднал и дека играчот ќе помине низ приспособен протокол пред повторно да го облече дресот на клубот.

Откако трансферот на Дансо пропадна, Рома го ангажираше Џало од Јувентус, на чии услуги не смета тренерот Тијаго Мота.

Џало оваа сезона ќе игра како позајмен, а доколку Рома сака да го откупи ќе треба да Јувентус да му плати девет милиони евра.

Share
Scroll to Top