Пропаднаа преговорите, Алаба ќе го напушти Баерн

Пропаднаа преговорите, Алаба ќе го напушти Баерн

пред 4 години

Давид Алаба нема да го продолжи договорот со баерн Михен туку наредното лето како слободен играч ќе се пресели во друг клуб.

Репрезентативецот на Австрија 12 години е во Баерн, со клубот два пати ја освоил Лигата на шампионите. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2021 година, а сите обиди тој да потпише нов договор не беа успешни.

Баерн го обвини фудбалерот и неговиот менаџер Пини Захави дека бараат премногу пари. Наводно Алаба барал 20 милиони евра по сезона. Тој рекол дека не сака во јавноста да зборува за финансиските детали.

Голем интерес за левиот бек кој може да игра и како централен дефанзивец, но и во редот за врска покажале шпанските великани Реал и Барселона, односно Јувентус.

Алаба во кариерата одиграл 251 натпревар за Баерн, постигнал 20 голови.

Share
Scroll to Top