ПСЖ би го продале Мбапе на Реал, за да го „грабнат“ Роналдо од Јуве?

ПСЖ би го продале Мбапе на Реал, за да го „грабнат“ Роналдо од Јуве?

пред 3 години

Шпанските медиуми шпекулираат дека Килијан Мбапе „турка“ за трансфер во Реал Мадрид, и доколку не успеат да го разубедат, газдите на Пари Сен-Жермен планираат да го донесат Кристијано Роналдо за неверојатен „мега-тим“ во градот на светликата со Лионел Меси.

На специјалната програма на шпанската ТВ „Ел Чирингито“ најавуваат голема најава за иднината на Роналдо, која е поврзана со иднината на Килијан Мбапе во клубот од Париз, по шпекулациите дека е незадоволен од фокусот кон Лео Меси и сака да замине во Мадрид.

Бидејќи Мбапе веќе следното лето би бил слободен агент, ПСЖ може да се на искушение да го продадат Французинот на Реал Мадрид за висока цена, и да се обидат да го донесат Кристијано Роналдо, кого се верува дека Јувентус без проблем би го продале за околу 30 милиони евра, бидејќи и тој е во последната година од договорот.

Дали нешто од оваа „вратоломија“ навистина ќе се случи, останува да видиме.

Share
Scroll to Top