ПСЖ и Баерн не го воодушевија Анри: ТикТок фудбал, училишен натпревар

ПСЖ и Баерн не го воодушевија Анри: ТикТок фудбал, училишен натпревар

пред 2 часа

Легендарниот Французин, Тиери Анри, за разлика од фудбалскиот свет, не беше воодушевен, од синоќешниот натпревар помеѓу Париз Сен Жермен и Баерн (5:4).

Незадоволството, го искажа во студиото на Си-Би-Си Спортс, каде што работи како консултант.

„Слушајте, мора сериозно да зборуваме за она што го гледамвме. Сите на социјалните мрежи викаат: „О, каков натпревар!“ Но, дали е така? Навистина? Мора да престанеме. Треба да престанеме да го нарекуваме ова „одличен фудбал“. Она што го видовме вечерва не беше полуфинале на Лигата на шампионите. Тоа беше уличен фудбал, школски натпревар“, рече Анри.

Французинот верува дека суштината на европските натпревари лежи во цврстината.

„Ти даваш гол, потоа јас… Ниту еден тим не успеа да го затвори натпреварот. Не сакам 5:4, дајте ми 1:0 каде што секој старт се чувствува како битка. Дајте ми натпревар каде што дефанзивците навистина се бранат.“

Кратко и јасно, она што го виде на теренот не му се допадна.

„Тоа е ТикТок фудбал, но вистинската суштина на играта недостасува. Сите бркаат моменти, најважни моменти и бројки. Но, фудбалот не е само за индивидуална брилијантност. Станува збор за контрола, дисциплина, колективна одговорност“, коментираше Анри.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top