Роналдо задоволен од условите во Саудиска Арабија, но и изненаден од различностите

Пукање пред стадионот Панатинаикос, тројца ранети и 70 уапсени

пред 4 месеци

Пред почетокот на натпреварот помеѓу Панатинаикос и АЕК Ларнака пред стадионот во Атина дошло до пукање во кое три лица се повредени, а 70 се уапсени.

Инцидентот се случил пред почетокот на натпреварот, на улицата Тоша до стадионот, а според првите полициски извештаи дошло до судир меѓу организирани навивачки групи, пишува „Прототема“.

Сè ескалирало кога еден од навивачите извадил пиштол и застрелал човек во ногата.

При понатамошната расправија повредени се уште две лица, едниот бил застрелан во стомакот, а другиот во раката. Повредените се пренесени во болница, а по интервенција на полицијата уапсени се 70 лица.

Според извештаите, голем број од уапсените претходно биле поврзани со инциденти на стадионите.

Што се однесува до самиот натпревар, Панатинаикос победи со 3:0.

Share
Scroll to Top