Рагби-ѕвезда Оли Лоренс успеа да постигне поени со спуштени гаќи за да ги предводи Англичаните до 43:27 победа над САД во натпревар на 4 јули, денот на независноста на поранешната британска колонија.
Инцидентот се случи во 15. минута од мечот, кога Мајки Тео во обид да го сопре Лоренс, го грабна за шорцевите, за чудна ситуација пред 10.000 гледачи. Лоренс со насмевка стана од теренот по освоените поени и се поздрави со Тео.
Cheeky try from Ollie Lawrence… before the watershed too ?? pic.twitter.com/QTx0e5m19A
— House of Rugby (@HouseOfRugby) July 4, 2021