Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

пред 24 часа

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше во Скопје зад затворени врати (29:27), а вториот одигран денеска, во Куманово им припадна на Јапонците со 31:32.

Македонија со овие два натпревари ги започна подготвките за Европското првенство, кое ќе се игра во јануари следната година.

Работите на теренот бргу се менуваа, Македонија водеше 6:4, потоа на осум минути до полувремето Јапонците беа во предност (10:13). Македонија одговори со серија 6:0, за водство 16:13, но Јапонците вратија со три гола за (16:16).

Македонија на стартот на второто полувреме два пати имаше предност од два гола, но Јапонците возврати за 19:19. Се играше речиис гол за гол еден период од вториот дел, а потоа на десет минути до крајот гостите стекнаа предност 25:28.

Македонија одговори, повотрно изедначи (29:29), но експресно Јапонците стекнаа два гола предност (30:32), а до крајот избраниците на Лазаров постигнаа само едне гол и не успеаја да го избегнат поразот.

„Добра подготовка за она што ни следува, а тоа е Европското првенство. Секогаш потенцирам дека треба да се навикнеме на брза игра. Ни недостигаа неколку играчи, што го искористивме да им дадеме шанса на играчи кои помалку играат. Денес буквално сите играат ракомет и тука имам мала замерка. Концепциски не бевме во можност да се обидеме да го одиграме она што сакаме да го играме на ЕП. Некогаш можеби е добро да загубиме, за потоа да влеземе мотивирани во подготоките за Европското првенсто“, рече по натпреварот селекторот на Македонија, Кирил Лазаров.

Foto/ macedoniahandball.com.mk

Share
Scroll to Top