Џорџ Расел потпиша нов договор со Мерцедес минатата година, но некои детали од договорот не беа објавени, што ги наведе некои медиуми да се сомневаат во иднината на Британецот во тимот, чие седиште е во Бракли, Англија.
Според нивните пишувања, договорот на Расел е до крајот на 2026 година и постои опција да се продолжи до 2027 година, но со исполнување на одредени услови, во однос на пласманот и достигнувањата.
Расел го потврди ова и коментираше дека нема сомнение дека ќе ги исполни потребните услови за да го задржи своето место во тимот.
„Принципот е овој, ако постигнете одредени резултати, тимот ќе продолжи да работи со вас. Ќе возам за Мерцедес во 2027 година.“
„Во моментов немам ништо повеќе да кажам на оваа тема. Мојот договор е на неколку години. Честопати во ваквите договори има клаузули, кои бараат одредени резултати. Но, што се однесува до мене, мислам дека тие ќе бидат реализирани многу пред крајот на сезоната.“
Foto/ Depositphotos






