Раул: Меси е подобар од Кристијано Роналдо и Зидан

Раул: Меси е подобар од Кристијано Роналдо и Зидан

пред 2 часа

Легендата на Реал Мадрид, Раул, ја стави настрана клупската припадност и рече дека Лионел Меси е подобар од иконите на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан.

Изјавата ги изненади фудбалските фанови во Шпанија, бидејќи оние на кои Реал им е во срцето, секогаш го ставаат Роналдо пред Меси, кога е во прашање вечната дебата за најдобриот играч на сите времиња.

Раул, кој постигна 323 гола на 714 настапи за Реал Мадрид, бил соиграч со некои од најголемите фудбалери во историјата, но сепак го става Меси на врвот. Поранешниот шпански репрезентативец го објасни својот избор.

„Имав среќа да играм со играчи како Зидан, Кристијано, Роналдо, (Луис) Фиго… но мислам дека Меси е најдобар, тој е многу различен. Тој прави сè да делува многу лесно, работите што ги гледате како невозможни, ги прави лесни, како да игра фудбал со пријателите на улица“, рече Раул.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top