Реал за бесплатно го нуди Маријано Дијаз, тој не сака да го напушти клубот

Реал за бесплатно го нуди Маријано Дијаз, тој не сака да го напушти клубот

пред 2 години

Трансферот на касемиро во Манчестер јунајтед е последната голема зделка што ја направи Реал Мадрид во овој преоден рок. Шпанските медиуми се согласни дека Флорентино Перез и Карло Анчелоти повеќе не планираа некој голем трансфер, но се согласуваат дека во последните денови од преодниот рок кој трае до 1. септември би можеле да се случат голем број помали трансфери.

И покрај тоа што Реал е во многу подобра финансиска позиција од Барселона, која мака мачи со долговите и со „селари капот“ на Ла Лига, двата тима во последните денови од преодниот рок влегуваат со сличени проблеми – како да се ослободат од играчи кои се вишок во соблекувалната, а никој не ги сака.

Во Реал има тројца фудбалери: Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз се играчи кои од чии услуги Реал сака да се ослободи пред крајот на преодниот рок.

Посебна приказна е Дијаз, кој никогаш не беше во преден план. Дијаз во Мадрид пристигна во текот на летото 2018 година од Лион за 21.500.000 евра, а потпиша петгодишен договор вреден 4.500.000 евра годишно. Реал е подготвен да го пушти без обесштетување веќе ова лето и покрај тоа што има уште една година од договорот.

Сепак, проблемот е што Дијаз не размислува за заминување, тој ги одби сите досегашни предлози и е решен да остане во клубот до истекот на договорот. Јасно е дека Дијаз никаде не може да добие плата каква што има во Реал.

Share
Scroll to Top