Реал и Арсенал најскапи во светот

Реал и Арсенал најскапи во светот

пред 2 часа

На Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, има само две селекции, кои според вредноста на фудбалерите, вредат повеќе од милијарда евра. Тоа се Англија и Франција.

Во клупскиот фудбал, ситуацијата е поинаква, конкуренцијата е посилна, а дури седум клуба имаат состави вредни над милијарда.

Според, порталот „Трансфермаркт“, специјализиран за фудбалски трансфери, во овој момент најмногу вреди составот на Реал Мадрид (1,38 милијарди). Цената на „Кралскиот клуб“, значително ја зголемува Килијан Мбапе со 200 милиони според Трансфермаркт, а Џуд Белингам, Винисиус и Феде Валверде се меѓу 15-те најскапи фудбалери во светот.

На второто место е Арсенал со 1,29 милијарди и енормно вредни се Букајо Сака и Деклан Рајс.

Третото место, со 1,19 милијарди, го делат Манчестер Сити и ПСЖ, Челзи е само еден милион поевтин со 1,18 милијарди, по него следува Барселона со 1,12 милијарди евра и Ламин Јамал, како и Мбапе, вреди 200 милиони на пазарот.

Ливерпул е последен во рангирањето со тим вреден над милијарда (1,04), додека Баерн е на осмото место со 981 милион.

Тотенхем (879 милиони) и Манчестер Јунајтед (719) се исто така во првите 10.

На 11-та позиција е Њукасл (713), додека најдобро рангираниот италијански клуб Интер е со 680 милиони.

Во Серија А има уште два клуба во првите 20, Јувентус е 14-ти со 603 милиони, а Наполи 19-ти со 503 милиони.

Во првите 20, 10 клубови се од Премиер лигата, покрај веќе наведените тука се и Нотингем Форест (13), Брајтон (16), Астон Вила (17) и Кристал Палас (20-то место).

Share
Scroll to Top