Реал и Лајпциг се договорија за Диоманде

Реал и Лајпциг се договорија за Диоманде

пред 1 час

Реал Мадрид обезбеди нов трансфер, Јан Диоманде од РБ Лајпциг во текот на оваа недела официјално ќе стане играч на „Кралскиот клуб“.

Според инсајдерот, Фабрицио Романо, договорот меѓу клубовите е постигнат, а обештетувањето за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра.

Диоманде ќе отпатува за Мадрид оваа недела, каде што ќе помине медицински прегледи и ќе потпише договор што ќе го врзе со Реал до јуни 2031 година.

Момчето роденено во Абиџан пристигна во РБ Лајпциг од шпанскиот Леганес и веднаш го покажа својот потенцијал во својата прва сезона во Бундеслигата. Како брз крилен напаѓач, во 33 лигашки натпревари постигна 12 гола.

Диоманде беше и дел од репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на овогодинешното Светско првенство. Со своите настапи, тој му помогна на тимот да стигне до нокаут фазата од натпреварувањето, за што доби пофалби од фудбалската јавност.

Диоманде ќе стане едно од најскапите засилувања во историјата на Реал.

1. Џуд Белингам – 127 милиони евра
2. Еден Азар – 120,8 милиони евра
3. Гарет Бејл – 101 милион евра
4. Кристијано Роналдо – 94 милиони евра
5. Орелиен Чуамени – 80 милиони евра

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top