Реал се засили со играч на ЛА Лејкерс

Реал се засили со играч на ЛА Лејкерс

пред 2 часа

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се засили со американскиот бек Ник Смит Џуниор.

Шпанскиот тим бараше уште еден играч за засилување на надворешната линија и го пронајде на американскиот пазар.

Станува збор за одличен плејмејкер и бек шутер, кој потпиша едногодишен договор.

Смит беше избран од 27-та позаиција на драфтот во 2023 година од Шарлот Хорнетс, за кого ги играше своите први две сезони во НБА. Минатата година ја помина во Лос Анџелес Лејкерс, каде што имаше просек од 5,6 поени, 0,9 асистенции и 0,7 скока за помалку од 11 минути по натпревар.

За три години во НБА, Смит одигра вкупно 141 натпревар, од кои 28 ги започна како стартер, со просек од 6,2 поени, една асистенција и 0,8 скока за 17 минути.

Тој привлече внимание за време на неговата дебитантска сезона во Шарлот, кога шутираше 43,2 проценти за три поени. Беше најдобар меѓу сите дебитанти таа сезона и стана вториот играч во историјата на НБА што достигна таков процент како „руки“ на 19 години или помлад, по Џејсон Тејтум.

Во дресот на Лејкерси, тој исто така успеа да влезе во историјата на франшизата како најмлад играч што постигнал најмалку 25 поени во еден натпревар без да погоди ниту едно слободно фрлање. Овој подвиг го достигна против Портланд Треил Блејзерс.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top