Реванш мечеви во ЛШ: Тешка задача за Интер против Боде/Глимт

Реванш мечеви во ЛШ: Тешка задача за Интер против Боде/Глимт

пред 2 часа

Вечерва се играат првите четири реванш натпревари од плејофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Со исклучок на натпреваррот помеѓу Њукасл и Карабаг, каде што сè е јасно, бидејќи „страчките“ од првиот дуел имаат 6:1, во сите други натпревари очекуваме многу возбудувања. Најтешко ќе му биде на Интер, кој има минус два гола против Боде/Глимт (3:1).

Тренерот на норвешкиот клуб, Кјетил Кнутсен, истакнува дека неговиот тим нема намера да ја брани предноста, туку ќе се обиде да се надигрува со домаќинот.

„Не смееме да размислуваме само на одбраната. За мене, подобро е да излеземе на теренот како да е 0:0 и да не играме премногу повлечено. Мора да имаме рамнотежа, не е добро да бидеме премногу дефанзивни и да се откажеме од контранападот. Целиот тим мора да учествува во одбраната, но исто така мора да напаѓаме заедно. Тоа е нашиот начин на размислување“, истакна Кнутсен.

Од друга страна, тренерот на Интер, Кристијан Киву, е свесен дека неговиот тим мора да игра многу подобро ако сака да продолжи да се натпреварува во Лигата на шампионите.

„Можевме да направиме повеќе и разочарувањето е големо. Сепак, успеавме да се ресетираме и сега сум фокусиран на нашиот пристап и самодоверба, да бидеме најдобрата верзија од себе и да знаеме дека можеме да ја свртиме ситуацијата“, рече Киву.

ЛШ, реванш натпревари 1/16:

Вторник:

Атлетико Мадрид – Клуб Бриж (3:3)
Интер – Бодо/Глимт (1:3)
Баер Леверкузен – Олимпијакос (2:0)
Њукасл – Карабаг (6:1)

Среда

Аталанта – Борусија Дортмунд (0:2)
Јувентус – Галатасарај (2:5)
Реал – Бенфика (1:0)
ПСЖ – Монако (3:2)

Share
Scroll to Top