Ред бул ќе купат 50 вработени на Мерцедес, вклучувајќи го и Кауел!

Ред бул ќе купат 50 вработени на Мерцедес, вклучувајќи го и Кауел!

пред 3 години

Ред бул рејсинг успеале да „извлечат“ дури 50 вработени во одделот за развој на мотори на ривалите на Мерцедес, вклучувајќи го и поранешниот прв човек на одделот, Енди Кауел, тврди германскиот „Ауто мотор унд спорт“.

Бидејќи Хонда се повлекува од проектот за развој на Ф1 мотори на крајот на сезоната, Ред бул формираа нова компанија која ќе го развива моторот за „бикот“ и Ред бул подолго време ги „врбуваат“ вработените од Мерцедес кај нив, и веќе добија шест од Мерцедес, вклучувајќи го Бен Хоџкинсон, досегашниот главен инженер на Мерцедес.

Најголемо име секако е Кауел, поранешниот шеф на развојот на мотори во Мерцедес, кој го напушти Ф1 тимот во 2020. Тој е човекот кој го предводеше дизајнот на В6 турбо-хибридниот мотор на Мерцедес кој дебитираше во 2014 и со кој Мерцедес освоија седум титули во низа.

Share
Scroll to Top