Рекордна парична казна за Мане, Сане го спасил да не добие отказ

Рекордна парична казна за Мане, Сане го спасил да не добие отказ

пред 2 години

Садио Мане и Лерој Сане физички се пресметаа во соблекувалната, по поразот од Манчестер сити (3:0), во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Поради овој инцидент, Баерн му изрече рекордна казна на Мане, а германските медиуми шпекулираат дека ќе биде продаден во летниот преоден рок. Баерн му изрече парична казна на Сенегалецот од 500.000 евра. Годишната нето пата на Мане изнесува 10.500.000 евра.

„Билд“, тврди дека од моментален отказ Мане го спасил токму Сане. Тој разговарал со клупските челници јасно посочил дека не сака толку строга казна за својот соиграч, а случајот сега се смета за решен. Мане би можел да се врати уште на реваншот против Сити.

Сенегалскиот портал „Таггат“, вчера објави нова информација и тврди дека Мане бил вознемирен од начинот на кој Сане му зборувал на теренот, по што следела пресметка во соблекувалната. Се започна во 83. минута, кога Сане на теренот го критикуваше Мане што не му ја додал топката.

Во соблекувалната Сане наводно го нарекол Мане: „Ти, црно го..о.“

Садио Мане оваа сезона пристигна од Ливерпул за 41 милион евра. Во својата кариера играше и за Мец Б, Мец, Ред Бул Салцбург и Саутемптон. За репрезентацијата на Сенегал постигна 35 гола на 95 настапи и важи за еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата.

Share
Scroll to Top