Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Ендру Вигинс, одбил да се вакцинира пред почетокот на новата сезона, но медиумите тврдат дека лигата ќе му дозволи да игра.
НБА лигата им наложи на сите кошаркари, тренери и судии да ги почитуваа протоколите за вакцинација, кои се пропишани од локалните здравствени власти. Њујорк и Сан Франциско, донесоа одлука дека сите играчи кои се занимаваат со спортови кои се одржуваа во затворен простор, мора да бидат вакцинирани.
Поради овие протоколи, Вигинс, би можел да ги пропушти сите домашни натпревари на Голден стејт.
Медиумите од Сан Франциско, тврдат дека Вигинс успеал да добие дозвола од НБА, да ги игра натпреварите и покрај тоа што нема да биде вакциниран. Вигинс од религиозни причини не сакал да се вакцините и лигата го прифатила ова негово објаснување.
Кошаркарот истакнал дека поради своите религиски убедувања е подготвен да се откаже од годишната плата, која изнесува 28,7 милиони долари, доколку не може да игра невакциниран.