Рен го „урна“ моќниот ПСЖ, предноста сега е само три поени

Рен го „урна“ моќниот ПСЖ, предноста сега е само три поени

пред 3 години

И покрај тоа што стартуваа со Нејмар и Лионел Меси во стартниот тим, а во второто полувреме го внесоа и Килијан Мбапе, Пари Сен-Жермен доживеаја неочекуван 1:0 пораз на гостувањето кај Рен, по што нивната предност на врвот на табелата во француската Лига 1 е само три поени.

Човек на одлука беше Хамари Траоре, кој во 65. минута успеа да го совлада Џанлуиџи Донарума за голема победа на Рен. ПСЖ имаат 47 поени на врвот на табелата, пред Ленс со 44 и Марсеј со 42, додека Рен се петти со 37 поени.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top