Ристовски ќе го напушти Сараево

Ристовски ќе го напушти Сараево

пред 3 часа

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски (34), наскоро треба да го напушти ФК Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина.

Според нивните пишувања, Ристовски наскоро треба да го раскине договорот со клубот од Кошево, по што ќе биде слободен да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови.

Медиумите од Босна и Херцеговина наведуваат дека Ристовски не ги исполнил очекувањата и покрај значајното меѓународно искуство, и дека раководството на клубот затоа одлучило да бара други решенија на неговата позаиција.

Share
Scroll to Top