Слично на Ник Кирјос и Енди Родик спаѓа во редот на оние кои се обидоа да не го сакаат и да не го почитуваат Новак Ѓоковиќ, но во меѓувреме се откажаа.
Американецот долго време е еден од најгласните во истакнувањето на големината и уникатноста на некогашниот голем ривал на теренот, со кој имаше посебен анимозитет, овековечен со познатото фаќање за врат во соблекувалната и исмејувањето на „Шмовак Шмоковиќ“ во популарна ТВ емисија.
Шампионот на Ју-ес опен од 2003 година сликовито го опиша подемот на Новак од хроничен аутсајдер до најтрофеен тенисер на сите времиња, во ера кога сцената беше поставена за другиот двајца великани.
„Чудно е, тој во тенисот е како Јоко Оно, ги растури Битлси. Тој е оној што не го сакавме, тој што не ни требаше. Веќе имавме ривалство, левак против деснак, контраст на стилови“, рече Родик и алудираше на фасцинацијата на западниот свет со ривалството меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Тогаш одеднаш се појавува киборг, робот, но и некој кој игра со многу емоции и вели: „Не ми е грижа за таа возбуда, јас сум комплетен играч, не можете да ме поминете, не можете ни да ме заобиколите, ќе ги издржам сите ваши удари. Беше чудно, мислам дека просечниот мејнстрим обожавател кој не е баш по тенисот беше лут на него поради тоа“, рече Родик.