Фудбалерите на Рома славеа победа во Кремонезе (3:1) и се вратија на челната позиција во Серија А.
Тимот од главниот град на Италија лесно мина на теренот на екипата која е повратник во Серија А.
По оваа победа, Рома стигна до 27 бода, што е два бода повеќе од Наполи и три повеќе од Интер, кој има натпревар помалку. Вечерва Интер го игра градското дерби против Милан.
Рома поведе по 17 минути игра, кога Матијас Суле, на асистенција на Коне, му донесе водство на својот тим.
Овој резултат важеше до 64-та минута кога Еван Фергусон ја удвои предноста на Рома. Третиот гол за Рома го постигна Весли.
Почесниот гол за Кремонезе го постигна Франческо Фолино во судиското продолжение.
Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, мораше рано да ја напушти клупата, бидејќи доби црвен картон во 62-та минута.
Римјаните ќе се сретнат со Наполи во „Дерби дела Соле“ во следната рунда.






