Роналдињо на 42 години му се враќа на фудбалот

Роналдињо на 42 години му се враќа на фудбалот

пред 2 часа

Легендарниот Бразилец, Роналдињо се враќа на фудбалските терени, речиси една деценија откако стави крај на својата играчка кариера.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ постигнал договор со Равена, клуб кој настапува во италијанската Серија Ц.

Деталите од договорот засега не се целосно познати.

Во Равена веруваат дека неговото доаѓање ќе донесе огромно медиумско внимание, но и дополнителна мотивација за помладите фудбалери во тимот.

Угледниот спортски весник „Газета дело Спорт“ наведува дека целиот проект ќе биде официјално претставен на 23 јуни на голем настан во Мајами.

„Нови бои, иста насмевка. Едвај чекам повторно да заиграм и да напишам ново поглавје заедно со Инацио и семејството Чипријани. Фудбалот отсекогаш бил извор на радост за мене и сакам истиот дух да го донесам во Равена“, ги пренесуваат италијанските медиуми зборовите на Роналдињо.

Сопственикот на клубот, Инацио Чипријани, не го криеше воодушевувањето од соработката со бразилската легенда.

„Поминав 24 години од животот во Соединетите Американски Држави, но Равена и понатаму ја сметам за свој дом. Доведувањето на Роналдињо е нешто навистина посебно за нашиот клуб. Тој беше мој идол, а неговото влијание врз фудбалот ги надминува сите негови достигнувања на теренот“, изјави Чипријани.

Share
Scroll to Top