Роналдо вечерва ќе постави уште еден рекорд

Роналдо вечерва ќе постави уште еден рекорд

пред 4 месеци

Кристијано Роналдо треба да биде дел од стартната постава на Португалија на натпреварот против Чешка кој се игра од 21 часот во рамките на 1. коло од групата Ф.

Доколку игра ќе стане единствениот фудбалер во историја кој настапил на шест различни европски првенства.

Ова ја докажува неговата долговечност, но и неговата извонредност, поради што се уште е на списокот на португалски репрезентативци.

Дебитираше за националниот тим на ЕП како 19-годишник во 2004 година. Дваесет години подоцна, зад себе има сезона во која одигра 45 натпревари за Ал Наср, со учинок од 44 гола и 13 асистенции.

Тој е рекордер на Португалија по бројот на одиграни натпревари (207) и постигнати голови (130). Роналдо постигна најмалку еден гол на досегашните настапи на ЕП. Во 2016 година, со Португалија беше европски првак. Вкупно, тој одигра 25 натпревари на ЕП во 2004, 2008, 2012, 2016 и 2020 година, има постигнато 14 голови, забележал девет асистенции.

Share
Scroll to Top