Рој Хоџсон, 73-годишниот тренер на Кристал палас, беше пречекан со овации од публиката на „Селхарст парк“, откако објави дека се повлекува на крајот на сезоната, а неговите момци во лондонското дерби примија два гола по крајот на регуларните 90 минути за 1:3 пораз од Арсенал.
„Топчиите“ први дојдоа во водство во 35. минута, по одличната акција која ја реализираше Никола Пепе, но клубот од јужен Лондон успеа да израмни во 62. минута преку Кристијан Бентеке. Кога се мислеше дека Хоџсон ќе биде испратен со поен, Габриел Мартинели во 91. минута донесе три поени за „топчиите“, а Пепе во 94. минута ги постави конечните 1:3.
Поените не важеа многу за двата тима во премиерлигашкиот дуел од претпоследното коло – бидејќи Палас одамна обезбеди опстанок, а Арсенал во лошата сезона нема шанси да се бори за европските купови.
? ??’? ??? ?? ??? ???… ?
Roy Hodgson walks out at Selhurst Park as the manager of Crystal Palace for the final time ❤️ pic.twitter.com/5al0v6kUJC
— Football on BT Sport (@btsportfootball) May 19, 2021