Tимур Хизриев (29), руски ММА борец е тешко ранет синоќа. Маскирани напаѓачи испукале пет куршуми во него пред зграда во Махачкала. Руските медиуми јавуваат дека двајца маскирани напаѓачи го чекале Хизриев. Кога излегол од возилото пред зградата, го застрелале со пиштол. РИА Новости јавува дека Хизриев е хоспитализиран со повеќекратни трауматски повреди.
„Тој е опериран. Беше погоден од најмалку пет куршуми. Колку што знам, ниедна од раните не е длабока“, изјавил извор близок до Хизриев за руската новинска агенција ТАСС.
Хизриев моментално се натпреварува во перолесна категорија на Професионалната лига на борци (PFL).