Сабаленка повторно го освои Мадрид

Сабаленка повторно го освои Мадрид

пред 10 часа

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои турнирот од серијата 1.000 во Мадрид, победувајќи ја Американката Коко Гоф во финалето.

Сабаленка ја победи Гоф со 2-0 во сетови по еден час и 40 минути игра, со 6:3, 7:6(3).

Ова е трета титула во Мадрид во кариерата за Белорусинката, инаку тенисерка број еден во светот.

Со тоа, таа се изедначи со Петра Квитова со најмногу титули во Мадрид во историјата на овој турнир.

Во исто време, Арина го подобри својот резултат против тенисерки од Топ 10 оваа година на 6-0, а сè уште не изгубила ниту еден сет. Таа има најмногу победи на ВТА турнејата, 31.

Исто така Сабаленска е првата тенисерка по Серена Вилијамс во 2013 година, која ги освои Мајами и Мадрид во истата сезона.

Сабаленак ја зголеми својата предност во однос на Иго Швјонтек на првото место на ВТА листата на 4.345 поени.

Share
Scroll to Top