Савичевиќ за регионалната лига: Мислите дека Црвена звезда може да гостува во Сплит?

Савичевиќ за регионалната лига: Мислите дека Црвена звезда може да гостува во Сплит?

пред 3 години

Дејан Савичевиќ, некогашниот ас на Црвена звезда и Милан, говорел за ножното основање на регионална лига во фудбал. Актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, смета дека невозможно е да се формира, најмног поради политичките тензии кои владеат на просторите на поранешна Југославија.

Дејан Савичевиќ смета дека ќе биде многу тешко, речиси невозможно да се организираат натпреварите во таа лига, а како пример ги навел Црвена звезда и Хајдук од Сплит.

„Времињата се турбулентни, и по толку години страстите не се смирени. Ќе тргне на подобро, а потоа повторно ќе настанат тензии. Дали некој навистина мисли дека Црвена звезда може да гостува во Сплит и да одигра натпревар против Хајдук или Хајдук да гостува во Белград пред публика“, рекол Савичевиќ во интервју за „Меријан спорт“.

„Покрај безбедносен предизвик тука има и административни бариери. Кој ќе управува со таа лига, кој ќе ја води, суди, казнува? Фудбалот не е како кошарката. Полесно е да контролирате 2.000 – 3.000 луѓе, него 20 или 30.000. Не постои полиција која тоа би можела да го контролира“.

Покрај ова Савичевиќ посочува и реални проблеми.

„Исто така немаме термини. Имаме домашни првенства, не можеме да играме во декември, јануари и февруари. Се проширува Лигата на шампиони, се прави Конференциска лига, кога ќе го играме тоа првенство и што ќе биде со домашните шампионати“, прашува освојувачот на две титули во Лигата на шампионите.

„Од една таква регионална лига, Вардар и Будуќност никогаш не би избориле пласман во европските купови. Тешко дека такви тимови би успеале покрај клубовите од „големата четворка“, заклучил Савичевиќ.

Share
Scroll to Top