Сака да освои олимписки медал за да го запали американското знаме на подиумот

Сака да освои олимписки медал за да го запали американското знаме на подиумот

пред 3 години

Челси Волф, трансродова натпреварувачка во БМХ фристајл, која се квалификуваше како резерва за Олимпијадата во Токио, го избриша постот на Фејсбук во кој изјави дека сака да освои медал во Токио само за да го запали американското знаме, но вели дека останува на својот став.

Волф беше потврдена како резерва во олимпискиот тим на САД минатата недела, зад своите ривалки Хана Робертс и Перис Бенегас, по што новинарите „ископаа“ пост на Фејсбук од март 2020, во кој таа остро го напаѓа поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Мојата цел е да победам на Олимпијадата за да можам да го запалам американското знаме на подиумот. За време на пандемија тие се занимаваат со повредување на транс-деца“, напишала Волф.

Сега, таа вели дека не е вистина дека не се грижи за својата татковина.

„Една од причините поради кои работам напорно да ја претставувам САД на меѓународните натпреварувања е да покажам дека ова е земја со морални вредности, а не само лоши работи. Морам да се борам против фашизмот и нема да дозволам земјата да биде во раце на фашисти“, изјави Волф за „Фокс њуз“.

БМХ фристајл е екстремен спорт во кој натпреварувачите прават скокови со своите велосипеди. Тој е додаден на олимписката програма во 2017 година и ќе дебитира на Олимпијадите во Токио.

Share
Scroll to Top