Само во Турција – на телефон му покажуваше на судијата дека згрешил, па доби црвен!

Само во Турција – на телефон му покажуваше на судијата дека згрешил, па доби црвен!

пред 4 години

Турскиот фудбал честопати носи многу спорни и скандалозни ситуации, но тоа што се случуваше на мечот помеѓу Бешикташ и Сиваспор е нешто што досега не сме го виделе.

Капитенот на Сиваспор, Хакан Арслан доби црвен картон откако се обидуваше на мобилен телефон да му покаже на судијата дека згрешил откако го призна првиот гол на Бешикташ на Гувен Јалчин, бидејќи пред да се постигне голот, топката беше излезена надвор од теренот.

Судијата Арда Кардешлер одбиваше да ги сослуша протестите и прво му даде жолт картон на Арслан, а откако тој го тресна телефонот од тревата, доби уште еден жолт картон. На крајот, Бешикташ стигна до лесна 3:0 победа.

Share
Scroll to Top