Само што дојде, Агуеро сака да си оди од Барса!

Само што дојде, Агуеро сака да си оди од Барса!

пред 5 години

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро направи трансфер од Манчестер Сити во Барселона за да може да настапува со долгогодишниот пријател Лионел Меси, но кога се испостави дека Меси ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ, Агуеро бара опција да си оди од Барса.

Новинарот кој се занимава со случувањата во шпанската Ла Лига, Фил Китромилдс пренесува дека 33-годишниот голгетер е заинтересиран веќе во зимскиот преоден рок да го напушти „Ноу Камп“ и да премине во некој од заинтересираните клубови во МЛС лигата во САД.

Со неговото носење во Каталонија, челниците на Барселона сакаа да го задржат Меси во клубот.

Агуеро по успешната деценија во дресот на Манчестер Сити реши да ја промени средината, а моментно заради повреда прашање е дали воопшто ќе дебитира во дресот на Каталонскиот клуб.

Неговото враќање на зелениот терен се очекува дури за во ноември.

Share
Scroll to Top