Саботната програма во Лигата на нации ја отвори Д групата каде се започна со дуелот меѓу Сан Марино и Гибралтар.
Дуелот заврши нерешено 0-0 со што Сан Марино првпат во историјата нема пораз на два меча во низа. Можат да бидат задоволни што останаа непоразени (иако играа на домашен терен) затоа што речиси целото второ полувреме го одограа со играч помалку откако Симончини доби црвен картон.
Гибралтар останува прв во оваа група со 7 бода, пред Лихтенштајн со 4 и Сан Марино со 2.
Во групата 1 Малта со пресврт славеше триумф против Андора со 3-1 и се искачи на врвот на табелата пред Фарски Острови, селекцијата која во моментов како гостин игра против Летонија.