Португалскиот прволигаш Санта Клара со победа од 3-0 против скопски Шкупи го напушти теренот на арената „Тоше Проески“ во меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Иако во почетните моменти немаше посериозни шанси на двете страни, гостите дојдоа во водство во 30 минута. По еден удар кон голот на Наумовски, топката удри во грбот на Ратубјае, го промени правецот и гостите дојдоа до предност од 1-0.
Во првото полувреме Шкупи не упати ниту еден удар во рамките на голот на Роча. И во вториот дел оваа статистика покажа дека гостите беа поконкретни во нападот и упатија повеќе удари.
Се играше 49 минута кога Карваљо Карлос погоди за 2-0 и студен туш за надежите на чаирчани.
Кога се очекуваше дека судијата ќе означи крај на мечот, во 93 минута Санта Клара со третиот погодок ги постави конечните 3-0. Стрелец на голот Костиња.
Реваншот во Португалија е за 7 дена, а на составот на Гоце Седлоски ќе му треба многу поофанзивна игра и вистинско чудо и премин во следната фаза.