Шпанскиот стручњак Кике Санчез Флорес е новиот тренер на Алавес, објави клубот. Тој ќе го замени Едуардо Кудет, кој претодно го напушти клубот.
Во текот на својата кариера, новиот тренер на Алавес ги водеше и Севилја, Хетафе, Вотфорд, Еспањол, Атлетико Мадрид, Валенсија, Бенфика, како и Шангај, Ал Аин и Ал Ахли.
Алавес е на 16-то место на табелата во шпанското првенство со 27 бода, три повеќе од Мајорка, која е во зоната за испаѓање.
Санчез Флорес (61) потпиша договор со Алавес до јуни 2028 година.
Foto/ depositphotos






