Сари пак е неразбран: Во Лацио не ги сфаќаат моите идеи

Сари пак е неразбран: Во Лацио не ги сфаќаат моите идеи

пред 3 години

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари вели дека неговите фудбалери уште не се навикнати на неговиот стил на игра и дека не ги „сфаќаат целосно моите идеи“ и очекува тежок меч со Каљари во недела.

Лацио стигнаа до две убедливи победи на стартот на сезоната, но не успеаја да ја најдат мрежата и беа казнети со грешки против Милан и Галатасарај. Каљари, пак, ќе го имаат дебито на новиот тренер Валтер Мацари откако го отпуштија Леонардо Семпличи откако освои само еден поен во три кола.

„Ќе биде тешко, бидејќи Каљари се појак тим од тоа што го покажуваат резултатите. Загубивме од Галатасарај поради наша грешка, но покажавме карактер. Очекував проблеми по промените од 3-5-2 на 4-3-3, имаме крила кои се навикнати да бидат петти фудбалер во средината, а сега работат како бекови. Исто така имаме фудбалери од средниот ред кои сакаат да работат со еден и пол напашач. Барам нешто поинаку, нашите фудбалери од средниот ред да се динамични, и се работи за ментален проблем. Видов голем тактички прогрес, момците работат напорно иако уште целосно не ги разбираат моите идеи“, вели поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус.

Share
Scroll to Top