Сасуоло остана без тренер

Сасуоло остана без тренер

пред 20 минути

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб.

„Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал за посветената работа и професионализмот што го покажаа додека го водеа тимот и им посакува се најдобро во нивните идни кариери“, се вели во соопштението на Сасуоло.

Овој 42-годишник беше тренер на фудбалерите на Сасуоло од јуни оваа година.

Сасуоло моментално е на 17-то место на табелата во Серија А со осум бода од 11 натпревари.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top