Саутемптон со рутинска победа над Кристал палас

Саутемптон со рутинска победа над Кристал палас

пред 3 години

Во меч кој не одлучуваше ништо во Премиер лигата (веќе се знае кој е шампион и кој испаѓа од елитата), Саутемптон на „Сент Мерис“ стигна до 3:1 победа над Кристал палас предводени од фантастичниот Дени Ингс.

Напаѓачот кој беше сметан за неталентиран во Ливерпул, во последните две сезони има постигнато 30 голови од игра  и само Хери Кејн (33) во Тотенхем има повеќе од него.

Палас дојдоа до експресно водство во втората минута преку Кристијан Бентеке, пред Ингс да израмни во 19. минута. Палас имаа совршена шанса да израмнат преку Лука Миливојевиќ од пенал, но тој не успеа да погоди. Во второто полувреме, Че Адамс во 48. минута ги донесе Саутемптон во водство, а Ингс во 75. минута ги „доврши“ гостите.

Кристал палас остануваат на 13. место на табелата, едно место пред Саутемптон во слаба сезона за двата тима.

Share
Scroll to Top