Светски турнир во пинг – понг од 9 јуни во Скопје

Светски турнир во пинг – понг од 9 јуни во Скопје

пред 2 дена

Најдобрите пинг понгари доаѓаат во Скопје на светскиот турнир WTT Contender Skopje 2025.

На 9 јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува натпреварот од категоријата World Table Tennis и истиот ќе трае до 15  јуни.

Натпреварите ќе се одвиваат во текот на целиот ден, а на „Контендерот“ се пријавени некои од најдобрите светски пинг понгари и легендите на спортот.

Влезот е слободен, а ова е првпат Македонската федерација да биде домаќин на натпревар од овој ранг.

Share
Scroll to Top