Последниот ден од месец март претставува ден Д за преостанатите учесници во европскиот бараж од квалификации за Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Деновиве, најголемо внимание привлекува дуелот на Италија со Босна и Херцеговина во Зеница, поради меѓусебно озборување, омаловажување на актерите, необична шпионажа…
Од чисто спортска гледна точка, „Аѕурите“ се мали фаворити, поради нивната историја, силата на лигата, подобрите имиња… но по фијаското во борбата за Светските првенства во 2018 и 2022 година, тие веќе не можат да се заканат никому.
Играчите од поранешната југословенска република предводени од ветеранот Един Џеко имаат предност на домашниот стадион, повеќе се навикнати да играат на лоши терени, ќе ја имаат френетичната поддршка од публиката… па затоа не би било изненадување ако продолжат таму каде што застанаа на Светското првенство во 2014 година.
Место на Светското првенство има и за победникот од дуелот меѓу Шведска и Полска, откако првата екипа го заработи местото во финалето со елиминацијата на Украина, а втората со победата над Албанија.
Чешката и данската селекција исто така можат да ја остварат конечната цел , ако бидат успешни како против Република Ирска и Македонија.
И за крај, селекцијата на Косово, по сензационалната победа над Словачка во Братислава, се наожа пред историски пласман на СП. Последната пречка на патот до Мундијалот е и најтешката, репрезентацијата на Турција. Косово никогаше не учествувало на големо натпреварување, додека Турција ја нема на СП од 2002 година, кога во Јужна Кореја и Јапонија го освои историското трето место.
Навивачите на сите наведени селекции се подготвени, барем најбогатите меѓу нив, бидејќи патувањето до првенството и билетите за натпреварите чинат вистинско богатство, другите ќе мора да почекаат уште четири години.






