Клубовите кои се натпреваруваат во Серија А започнаа разговори за можно намалување на бројот на екипи.
Гигантите ја застапуваат тезата дека во првенството треба да се натпреваруваат 18 екипи, а против се клубовите од средината и дното на скалата.
Разговорите меѓу клубовите, меѓу кои беше и претседателот на Серија А, Лоренцо Касини, според „La Gazzetta dellа Sport“ сè уште се опишуваат како неофицијални.
Во следната рунда разговори ќе биде вклучен и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.
Најдобрите италијански клубови инсистираат на намалување на конкуренцијата во првенството поради најавениот нов формат на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Се плашат од дополнително пополнување на распоредот. Како аргумент го користат и тоа што германското првенство се игра меѓу 18 клуба, два помалку од италијанскиот.
Клубовите од средината, а особено оние од долнио дел на скалата на рангирање, стравуваат дека одлуката дополнително може да им ги намали шансите за останување во Серија А, но и да им нанесе финансиска штета, особено во однос на правата за пренос на телевизија. За да се донесе одлуката за намалување на бројот на клубови ќе бидат потребни 14 гласа.